Со експлозив срушена црквата во која бил венчан Скендербег


И додека посетата на папата Франциско на Албанија, се уште е топ тема,медиумите продолжуваат со објавување на настани од времето на комунизмот, период кога во оваа земја со умисла биле рушени верски објкети.skenderbeg

Еден од ваквите настани е и уривањето со експлозив на црквата во северниот албански храд Вау те Дејес, каде што бил венчан Ѓерѓ Кастриот-Скендер бег.

Црквата е срушена со експлозив во 1967 година по наредба на Мехмед Шеху а присуствувале високи функционери на партијата на трудот(комунистична партија).

Во 1967 година, диктаторот Енвер Хоџа ја прогласи Албанија за прва „атеистичка држава“ во светот.

Се тврди дека по тој период во Албанија се уништени 1840 католички и православни цркви, додека пак 111 свештеници, десет семинарци и осум монахињи умреле во притвор или биле погубени.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1