Со кои професии може да најдете работа во Македонија – а со кои можете само да се сликате


Најголем број меѓу невработените лица во Македонија се по професија економисти, правници, одделенски наставници, социјални работници, психолози…

nevrabotenostИако се меѓу најбројните, тие и натаму се најпривлечни за младите кои ја избираат својата идна професија. И годинава завршените матуранти најмногу интерес пројавија за запишување токму во овие струки. Од друга страна, најбарани струки се програмери, информатичари, машински инженери, електроинженери, градежни инженери, технолози.

Податоците на Агенцијата за вработување покажува дека најбројни меѓу невработените, според степенот на образование, се дипломиран економист, дипломиран правник, професор по одделенска настава на македонски јазик, дипломиран учител, дипломиран социјален работник, дипломиран психолог (професор), професор за предучилишно воспитување, како и дипломиран менаџер по туризам и угостителство.

Матурантите од гимназија се најбројни од невработените со завршено средно образование, економски техничар, машински техничар, земјоделски техничар-поледелец, конфекциски техничар, прехранбен техничар, хемиско-технолошки техничар, хемиски техничар, ветеринарен техничар, техничар за патен сообраќај, угостителски техничар (хотелиерски) и други. Меѓу занимањата кои постојано се бараат на пазарот на трудот се ѕидар, пекар, бравар, шивач, готвач, заварувач, армирач.

Според последните податоци на Државниот завод за статистика, стапката на невработеност во земјава изнесува 28,8 проценти, а бројот на невработени лица е 273.860. најголем е бројот на невработените со четиригодишно средно образование 111.441 лица, додека со високо образование невработени се 40.967 лица.  71.026 невработени се со основно образование, додека со незавршено основно образование има 9.298 лица кои се невработени.Со средно обрзование, завршен трет степен, вработување чекаат 4.974 лица.

Најчестите работни позиции кои се бараат се од ИТ секторот.Најбарани се програмерите кои исто така освен за пазарот во Македонија им се нуди работа и на странските пазари. Следни најбарани се машинските инженери, електроинженер-контролор, електроинженер за пренос и распределба на електрична енергија, градежен инженер,  инженер-технолог.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1