Американската полиција покрена истрага откако автомобил влетал во приземјето на седиштето на телевизиската мрежа Си-Ен-Ен во Атланта.
Автомобилот марка „Мercedes-Вenz“ ги искршил стаклата на влезот во предворјето на зградата.
Возилото запрело на средина на просторијата. Работници наредните три часа го чистеле стаклото од подот.
Предворјето е отворено, а со жолта трака е блокиран пристапот на секцијата во која влетал автомобилот, пренесе АП.
Полицијата соопшти дека во возилото во моментот на инцидентот се наоѓале две лица. Засега нема информации за нивната состојба.