Непознат крадец ја украл камерата, во сопственост на МВР, во близина на црквата Св. Никола, во струшкото село Вишни.
Според информациите од полицијата, крадецот со моторна пила го исекол дрвото каде се наоѓала камерата, ја зел и избегал. Полицијата презема мерки за пронаоѓање на крадецот.