Украле 17.500 евра од газдата – се расфрлале по кафани и казина и лажеле дека добиле Бинго


Тројца скопјани заработија кривични пријави за тешка кражба, откако ограбиле куќа со деловни канцеларии. Имено на 15 овој месец во ПС Гази Баба Р.С. (73) од Скопје пријавил дека некој провалил во неговата куќа (во рамки на која се наоѓа и вулканизерски сервис и деловни простории сопственот на пријавителот) од каде од гардероберот во спалната соба, од страна на непознат(и) сторители биле однесени 17.500 евра во различни апоени.zatvor pari

Според информациите од полицијата, К.И. (38), Ј.С. (19), инаку вработени во вулканизерскиот сервис на Р.С. биле повикани на разговор во полициската станица бидејќи биле на работа кога се случил грабежот. Врабтените К.И. Ј.С. и малолетник од Скопје, по претходен договор, откако дознале каде газдата ги чува парите решиле да дејствуваат. Така, во времето меѓу 08,30 и 09,30 додека газдата не бил во куќата К.И. и Ј.С. чувале стража а малолетникот, се прекачил од прозорецот на кујната во куќата и се упатил кон спалната соба каде што кваката била заврзана. Откако ја одврзал влегол во спалната соба ги пронашол парите ставени во кеса и откако ги ставил под маицата повторно ја заврзал кваката и излегол надвор од куќата. Парите, 17.500 евра или во денарска противредности 1.076.250 денари- ги сокриле до камион ладилник паркиран во дворот и по завршувањето на работното време во 16,00 часот ги земале и се упатиле во домот на Ј.С. каде дел од парите поделиле меѓу себе а дел 13. 880 евра ги сокриле во близина на неговиот дом.

Во разговорот со полицијата тројцата го признале делото, а парите, односно 13.880 евра како и уште 800 евра (вкупно 14.680 евра) дадени на лице наводно како частење бидејќи наводно добиле на бинго, се одземени и со потврда вратени на оштетениот, додека остатокот пари 2820 евра ги потрошиле во кафулиња и во коцкарници како и за враќање нивни долгови.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1