Со музика и скара на Богородица во Ѓавато


На типично македонски начин, со жива музика, скара, продажба на сувенири и амајлии, беше прославен големиот христијански празник Света Богородица, во црквата во Ѓавато.

Реки на верници од Битолскиот , преспанскиот крај и пошироко се слеаја на пладневната веселба. Многумина од нив со традиционални дарови за светицата- крпи, чорапи, маички…

Успение на Пресвета Богородица претставува македонска православна црква во богданското село Ѓавато. Црквата е подигната во 1834 година, а обновена е во 1893 година од Андон Китанов. Таа пред почетокот на Првата светска војна била опожарена, но ѕидовите биле сочувани. Подоцна таа е обновена. Според својата архитектурната форма, црквата е трикорабна, со надвишен централен кораб и дрвени тавани во трите кораби. Храмот е долг околу единаесет метри и има покривна конструкција (на две води) потпрена на два реда колони со дрвени столбови.

Црквата не е живописана по обновувањето, но има убав иконостас, изработен во поново време, составен од стари и нови икони. Старите икони датираат од XIX век.

Share Button

Tags: , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1