Со овој факултет најлесно се станува милионер


Списанието Форбс ги анализира профилите на 100-те најбогати луѓе на светот, посебно задржувајќи се на нивното образование.

Списанието открива кои факултети се најзастапени меѓу богаташите. Најдобар факултет со кој најлесно можете да се збогатите е машинскиот факултет, покажуваат анализите на Форбс.student pari

Дипломците на машински факултет се и најбогатите меѓу останатите милионери.

Повеќе од петтина (22%) од најбогатите луѓе на светот го завршиле овој факултет, а меѓу луѓето со ваква диплома има два пати повеќе милијардери отколку меѓу економистите, кои се втори на списокот.

Дванаесет отсто од милионерите завршиле студии по економија, додека 9 отсто од богатите луѓе завршиле некој уметнички факултет.

Само 4 проценти од луѓето кои се наоѓаат на листата на 100 најбогати студирале математика и природни науки.

Но, сепак истражувањето покажува дека факултетот не е пресуден за успех. Дури третина од најбогатите луѓе на светот воопшто немаат диплома.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1