Со што ли ги раниме нашите деца – 20 случаи на пубертет уште на 5 годишна возраст


Дваесетина деца со предвремен пубертет во моментот се пациенти на Клиниката за детски болести. Сите се на возраст од пет и шест години и најголем број од нив се женски. На одделот за ендокринологија специјалистите им одредуваат терапија и ги бараат причините зошто девојчиња кои уште не тргнале на училиште имаат менструален циклус. Со вакви симптоми било и новороденче, но за него лекарите велат дека е од генетска природа, јавува Здравство24dete-pubertet-22

-Родителите се испаничени, мислат дека крварењето е од нешто друго, но сепак, се одредува терапија бидејќи кај вакви деца може да дојде до проблеми со растот и развојот па може да останат ниски, вели д-р Аспазија Софијанова директор на Клиниката за детски болести

Лекарите велат дека бројот на деца со предвремен пубертет расте сегде во светот. И Македонија го следи тој тренд. Порано овие симптоми биле занемарувани и многу често не е поставена вистинската дијагноза. Сега педијатрите се решени сериозно да се занимаваат со оваа проблематика. Изворот за предвремен пубертет не го нзе никој. Но храната има големо влијание.

-Секако дека конзервираната храна има големо влијание, потоа пилешкото месо и многу јадење на јајца кои се хормонски извор. Мора да се внимава што се јаде, вели Софијанова

Времињата се менуваат, па според педијатрите се намалува и возрасната граница за влегување во светот на возрасните. Порано пубертетот почнуваше по 11-тата година. Сега децата добиваат срамни влакненца и гради на 8 и 9 години.

Здравство24.мк

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1