Со солзавец на бебе: Најпотресен доказ за ужасите на Хоргош


Солзавец и насилство врз старци, жени и деца – така унгарската полиција на премините Хоргош и Хоргош 2 ги дочекала бегалците од Сирија, откако бодликавата жица им го затворила патот.

На сликите од раскрвавени луѓе и расплакани деца, се издвоила една глетка која на најпотресен начин сведочи за ужасот кој овие денови се случува на границата меѓу Србија и Унгарија.Screenshot_75

“Вчера ова мало бебе од еден месец, исто така било испрскано со солзавец од страна на унгарската полиција!!! Нашите лекари му пружија помош… и денес сме таму! Се надеваме на помирен ден”, пишува на Фејбук страната “Да ги спасиме бебињата”, покрај фотографијата од нападнатото бебе.
Ова, за жал, е само еден во низата случаи на бруталност на унгарската полиција кон оние кои со ништо не заслужиле таков третман. Како овие деца, кои пораснале меѓу бомби, крв и крици, да не виделе доволно ужас во животот.

Инаку, на граничниот премин Хоргош 2, бегалците од Блискиот исток мирно протестираат, незадоволни од однесувањето на унгарските власти, прашувајќи се што се случило со човековите права.

 

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1