Со својот дечко ја убила мајкаси на одмор – телото го спакувала во куфер и си отишла во хотел


Две лица се уапсени на островот Бали, откако е пронајдено телото на Американката Шејла Вајс Мек во куфер, соопштила полицијата.

Ќерката на жртвата, Луис Хедер Мек (19) и нејзиното момче Томи Шефер (21) се наоѓаат во притвор на Бали, против кои се уште не е покренато обвинение.

20554062-годишната жртва е пронајдена во куфер во багажникот на таксито паркирано пред еден од луксузните хотели на популарен туристички индонезиски остров.

Полицијата соопштила дека Шејла има повеќе повреди на лицето, главата, рацете, како и дека нејзините прсти се скршени. Шејла била обвиткана во крвав покривач за кревет, имала неколку рани на главата, а изгледа дека била и задавена, рекле лекарите.

Полицијата рекла дека младата двојка раскажала дека ги киднапирала вооружена банда, чие членови ја убиле Шејла, а тие успеале да побегнат. Но, возачот на таксито и вработените во „St. Regis“ раскажале сосема поинаква верзија на приказната.Ќерката и нејзиното момче изнајмиле такси и го ставиле багажот во гепек, велејќи му на таксистот дека одат да се одјават од хотелот и дека ќе се вратат, но повеќе не се појавиле. Таксистот почнал да се сомнева поради куферот кој имал траги на крв по себе и поради тоа отишол во полиција, на која и го предал куферот. Ќерката и нејзиното момче се пронајдени во друг хотел 10-тина километри оддалечен од хотелот „St. Regis“ на Бали.

mladi-monstrumi1 Пријателите на Шејла ја предупредувале многупати да не заминува на егзотичниот одмор со ќерка си поради тоа што девојката била мошне проблематична, така што до грозоморното убиство, 86 пати полицијта го имала посетено домот во Чикаго на богатата и успешна Шејла и нејзината ќерка поради силните кавги меѓу мајката и ќерката. Пријателите сведочат дека мајката и ќерката имале проблематичен однос, посебно откако Хедер го напуштила колеџот кога почнала да се дружи со лошо друштво и од неодамна се преселила во хотел. Но, Шејла и покрај тоа, секогаш ја прибирала ќерка си назад.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1