Граѓаните денеска во 18 часот повторно ќе излезат пред владата за да го искажат револтот против власта.
– Мирно и достоинствено, како што налагаат околностите, без блиски контакти со полицајците. И покрај случувањата во Куманово, власта смести 9 наши другари во притвор во Шутка и наша обврска е да излеземе во нивна поддршка – велат граѓанските активисти.
Иако сите повикаа на смирување на страстите и прекин на протестите барем до расчистување на на ситуацијата во Куманово, сепак некој изгледа не ја сваќа сериозноста на ситуацијата и повторно ќе и задава нови главоболки на полицијата која наместо да се сконцентрира на Куманово сега ќе треба да ги обезбедува оние кои решиле на овој ден да си протестираат пред владата и собранието ??????