Со ,,зачинет,, пијалок Албанка онесвестувала гостиварчани – па ги ограбувала


51 годишна албанка која нелегално престојувала во Македонија е уапсена.

Секторот за внатрешни работи Тетово, Полициска станица Гостивар, поднесе кривична пријава против Н.Б. од Корча, под сомнение дека извршила кривични дела „убиство во обид“ и „кражба“.
Пријавената албанска државјанка, како што соопшти МВР, се сомничи дека во периодот од мај до средината на септември годинава, на четири лица од Гостивар, претежно во постари години, во храната или пијалоците, прво ќе им ставела непозната материја и ќе ги доведела во безсознание, а потоа им одземала пари и златен накит во вкупна вредност од милион денари.
Осомничената, по која беше распишана потрага, на 8 овој месец била приведена на граничниот премин Табановце, а вчера со кривична пријава била изведена пред истражен судија на Основниот суд Гостивар, кој и определи 48-часовен притвор.

mia

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1