Сара Џесика Паркер и Џерард Батлер домаќини на концертот за Нобеловата награда за мир


18 години по ред, прославата на добитниците на Нобеловата награда за мир продолжува следниот ден на голем концерт во чест на лауреатот. Така ќе биде и оваа година. 

Откако нобеловиот златник и официјално ќе биде предаден на претставници на Европската унија, забавата ќе продолжи во познатиот Осло Спректрум.

Ѕвездата на “Сексот и градот”, Сара Џесика Паркет и неодоливиот шармер Џерард Батлер ја имаат честа да бида домаќини на свеченоста закажана за 11. Декември.

Двајцата покрај успешната кариера како актери се и своевидни гласници на мирот. Сара Џесика Паркер е амбасадот на УНИЦЕФ и член на Комитетот на претседателот Барак Обама. Шкотскиот актер, пак е директор на организацијата “Уметници за мир и правда”.

Меѓу ѕвездите кои ќе се појават на големата сцена на Осло Спектрум се Џенифер Хадсон, Кајли Миног, Сил, Карпе Дием, Лалекс.. Низ годините на истата сцена настапувале познати светски музички ѕвезди како Пол Макартни, Ријана, Стинг, Сантана, Алиша Кис, Андреа Бочели, Бон Џови.

Директен пренос од концертот ќе се емитува не само на националната Норвешка телевизиска куќа. На меѓународно ниво, концертот ќе биде пренесуван во најмалку 80 земји и се очекува да постигне гледаност од преку 350 милиони. Билетите за концертот се веќе распродадени, а истите чинеа од 5.500 до 8.800 денари.

Славицa Савеска Кењереш

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1