Терминатор очи – измислени леќи кои покажуваат текст и мапи (Видео)


Еве го и најмалиот екран на светот, ни леќите не се она што беа. Ви пречи постојаното вртење кон ГПС уредот додека возите, сакате да си ги проверувате СМС пораките додека се туширате или едноставно сакате да го имате видот на Терминатор?

Белгискиот универзитет Гент го има решенирто за сите, контактни леќи. Сепак не се ова обични леќи како што ги знаевме до сега, овие имаат вграден ЛЦД екран кој кога е запален покажува целосна слика во самото око.

“Технологијата е тука и ја имаме.“- изјави професор Жел Де Смет, главниот научник на проектот. „Ова не е научна фантастика, терминатор видот е веќе овде“. „Секако ова не може да го замени големото филмско платно““, додаде тој,- „ големото платно е незаменливо, сепак, ова може да помогне за голем број на уредите кој се користат во специфична ситуација, како ГПС или средство за проверување на е-поштата.“

Принципот на работа не е толку нов, тие се поврзуваат преку блутут со мобилниот телефон од каде ги добиваат сите потребни информациии. Тоа што изненадува е самоиот екран во леќите, ЛЦД технологијата. Пред овие леќи имаше слични кои работеа на ЛЕД технологија, сепак тој проект беше згаснат заради тоа што пикселите во ЛЕД технологијата ги ограничуваа визуелните податоци.

Сите светски технолошки гиганти се во трка која за крајна цел треба да го долови најубаво терминатор видот. Гугл оваа година ги презентираше „Гугл Гласес“, проект со кој специјални очила ја прикажуваат иднината како како технолошка целина во која секоја индивида е дел од интернетот и сите се поврзани и комуницираат преку очилата.

Од друга страна Епл патентираше слична направа со цел да конкурира за трката.

Овие леќи освен за секојдневна употреба имаат потенцијал и во медицината и војската.

Tags:

Благоја Гроздановски

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1