Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Во доцните попладневни и вечерни часови се очекува зголемување на облачноста особено во северните делови каде ќе има услови за краткотраен дожд со ретки грмежи.
УВ-индексот ќе изнесува 8.
Температурата ќе се движи од 25 до 35 Целзиусови степени.
Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност и со слаб северен ветер. Температурата ќе достигне до 33 Целзиусови степени.