Сонце и температура до 14 степени – од понеделник и до 20


sunny-day

Времето во Македонија ќе биде претежно сончево со слаб, а долж Повардарието повремено умерен северозападен ветер.

Утринската температура ќе се движи од нула до четири, а дневната од седум до 14 степени.

Во Скопје слично време, со температура до 10 степени.

Во недела и во почетокот на наредната недела ќе се задржи стабилно, суво и доста топло време за овој период од годината. Дневната температура во недела ќе се движи од 12 до 17, а во почетокот на наредната недела од 14 до 20 степени.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1