Сообраќајка кај Штип: Облеани во крв спасувале трудница


Стравична сообраќајка кај штипската населба Три Чешми. Вечерва околу 18 часот на регионалниот пат Штип-Велес на излезот од градот дојде до судир на патничко моторно возило и комбе. Несреќата се случила кога возачот на автомобилот излегувајќи од бензинската пумпа, се судрил со минибусот кој сообраќал по коловозот.

– Од бензинска пумпа еден излезе со кола пред нас и шоферот немаше каде да оди. Да го избегне него и добро е во нива што отиде, таму имаше вода  и тоа не задржа, иначе…Изјави Никола Катачиќ, патник во минибусотsoobrakjajka sudir

Во минибусот се превезувале 10 патници, помеѓу кои и една трудница. Во моментот на ударот во комбето настанало паника.

– До мене седеше бремена жена во 5-ти – 6-ти месец. Не можев да и помогнам, само ги држев луѓето да не ја прегазат, оти доле беше падната-изјави Даниела Василева, патник во минибусот

За среќа, бремната жена веднаш била пренесена во штипската болница од лице кое патувало од Велес кон Штип.

– На лице место бев на сообраќакта. Ја земав со мене и со колата ја донесов во болница.- изјави Маја Лазарова

На лице место за кратко време пристигнала и брза помош и противпожарната екипа.

– Го извадивме возачот на патничкот возило, а потоа пристапивме и кон вадење на сите лесно повредени во минибусот-изјави Кире Патракливе, командир на ТППЕ- Штип

Десет лица кои се превезувале со минибусот биле полесно повредени и се пренесени во штипската болница.

– Мене устата и прстот ми е пресечен, се држев за седиште-изјави Катачиќ

– Сега сум добро, подобро, удрена сум во коленото и главата-изјави Василева

Двајца од нив по извршениот преглед и укажаната примарна помош се пуштени, а останатите 8 лица се упатени на дополнителни лекарски прегледи, за да се добие подетална слика за нивната здравствена состојба.

– Испратени се на обични рендгенографи, на компјутерска томографија и слично-изјави д-р Александар Стојановски, директор на Клиничка болница Штип

Возачот на автомобилот се здобил со најтешки повреди, поради ште ќе биде пренесен во скопски клинички центар

– Со повреди на лев ’рбетен кош, заедно со повреда на лево белодробие, нагмечување и повреда на кичмен дел од ’рбет, така да истиот ќе биде транспортиран за Скопје-изјави д-р Стојановски

Тешко е повредено и уште едно лице, чии повреди се дијагностицираат, со кој како резултат на сообраќајната несреќа има вкупно 12 повредени патници во двете возила.

Kurir.mk

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1