Сообраќајка кај Смилковци: Возачот починал на лице место, дете пренесено на Ургентен


Во текот на вчерашниот ден во 7 часот и 30 минути уште една страшна несреќа ја потресе Македонија. На автопатот Тетово-Скопје, кај Смилковци, се случила несреќа во која 56-годишниот охриѓанец А.М. во своето БМВ Х6, излетал надвор од коловозот и удрил во метални еластични одбојници, се извртел и запрел на патот Смилковци-Бутел.soobrakjajka policija nokj

Според податоците од македонската полиција, 22-годишниот Н.М. кој бил сопатник во автомобилот е повреден, заедно со 12-годишно детенце кое било внатре. Истите биле веднаш со возило на Итната помош пренесени во Ургентниот Центар во Скопје, каде се и задржани на лекување поради сериозноста на повредите.

За жал, возачот починал на лице-место на страшната несреќа.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1