Едно лице загина, а три се повредени во сообраќајна несреќа што се случи попладнево на патниот правец Гостивар – Кичево, пред превојот Стража, јавува Курир
Во моментов сообраќајот на овој пaтен правец е во прекин и се очекува да започне увид што ќе го води јавен обвинител од Гостивар.
Според првичните сознанија, сообраќајната несреќа се случила во 16 часот кога директно се судриле минибус и патничко моторно возило.