Возило со марка „фолксваген“ излетало од улицата пред спомен – костурницата на кружниот тек на влезот во Велес.
Неофицијално се работи за 17-годишник кој управувал со автомобил во кој биле четири лица и после губењето на контролата над возилото излетал од патот и буквално „слетал“ од 30 метри висина подолу на кружниот тек на влезот од Велес, објави порталот Фактор.
Седум годишно дете е најмногу повредено и префрлено на скопските клиники додека тројца останати се префрлени во велешката болница.
Го очекуваме деталниот извештај на полициската екипа која прави увид на местото на настанот.
Имено сведоци на оваа несекојдневна незгода биле неколку деца.
Ова место одсекогаш било сметано за опасно бидејќи нема заштитна ограда, а после оваа прва се надеваме и последна ваква незгода некој ќе се сети дека треба да се заштити ова фрекфентно место.
ФОТО: brzkrug.com