Сообраќајка во Кисела Вода – четворица повредени


Четири лица се повредени во сообраќајна несреќа што утрово се случи на булеварот „Борис Трајковски“ во Кисела Вода, пред бензинската пумпа на „Лукоил“.

sobrakjajka 6677Од МВР потврдија дека во 8 часот и 45 минути добиле пријава од Ургентниот центар дека кај нив се донесени четири лица кои се здобиле со повреди, пишува Курир.

Директно се судриле две патнички моторни возила „Тојота“ и „Шевролет Калос“, со скопски регистерски ознаки. Од првото возило повредено е едно лице, а од „Шевролет Калос“ три лица.

Во изминатото деноноќие на подрачјето на Скопје, полицијата евидентирала уште осум сообраќајки. Од нив четири се со материјална штета, а во четири со полесни повреди се здобиле еден возач на моторно возило, двајца пешаци и еден патник во автобус.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1