МВР: Веднаш пријавете ако некој вози во спротивен правец на автопат


Министерството за внатрешни работи апелира до сите граѓани доколку по патиштата низ државата забележат возење во спротивен правец или пак организирање трки да пријават на 192.

mvr-zgradaВчера на социјалните мрежи беа објавени фотографии за кои граѓани тврдат дека биле направени на автопатите низ Македонија, а сведочат дека се организирале опасни „игри“ со возење во спротивна насока.

Портпаролот на МВР, Иво Котевски, за Плусинфо вели дека полицијата досега нема такви сознанија, но апелира до сите граѓани доколку забележат такво нешто веднаш да пријават во полиција.

Опасна игра на автопатот Скопје – Велес? намерно возат во погрешна насока
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1