Сопругата на британски милионер најдена замрзната (Фото)


nicole-falkingham-and-jonathan-falkingham-44744695

Никол Фалкингем (41), сопруга на британскиот милионер Џонатан Фалкингем (50), генерален директор на компанијата „Урбан сплеш“, била најдена мртва во автомобил, на патот што води до куќата на нејзината пријателка во Ливерпул.

Никол во јануари го променила својот статус на Фејсбук во „слободна“, а на пријателите со кои ја минала кобната вечер им признала дека води голема бракоразводна битка и се надева на убава пресуда. Двојката некое време живеела одвоено.

Според првичните докази, смртта на Фалкингем настанала поради замрзнување и труење со алкохол, иако точните околности треба да бидат разјаснети.

Пријателите, на чиј посед е најдено телото, биле уапсени поради одгледување на канабис, а во меѓувреме се пуштени со кауција.

nicole-falkingham-620-133322114

nicole_falkingham_88531100

zena milioner mrtva

Според зборовите на лицата што во кобната вечер биле присутни во барот „Винси“ во Ливерпул, госпоѓата Фалкингем во добро расположение пиела со четворица пријатели.

Но, откако друштвото испразнило неколку шишиња вино, нејзината состојба се променила.

,,Сум видел многу луѓе како пијат, но никогаш не сум бил сведок на таква промена,, изјави шанкерот.

Откако се обидел да разговара со неа и да види дали е добро, тој забележал дека таа не е во состојба да зборува и се јавил во полиција, но од таму бил советуван да повика Брза помош.

Пред да го стори тоа, Никол ја собрале нејзините пријатели и ја однеле со нив. Следното утро таа била најдена мртва на задното седиште од автомобилот на нејзиниот пријател.

АДВОКАТ НА ЃАВОЛОТ – ЈА ПЛАТИЛ СВАДБАТА НА ЦЕЦА, ГИ БРАНЕЛ МИЛОШЕВИЌ, САДАМ…
ЈАЈЦА ОД ВОНЗЕМЈАНИ? – РОЗЕВИ, ВОДЕНИ, ЖЕЛЕ ТОПЧИЊА СРЕДЕ ПУСТИНА СЕ МИСТЕРИЈА (ВИДЕО)

article-2269478-1737EEA6000005DC-379_634x782

НА ВАШИТЕ МОБИЛНИ ТЕЛЕФОНИ ИМА МНОГУ КРВ (ВИДЕО)
СИРОМАШТИЈА И ЗДРАВЈЕ: САМИ НАПРАВИЛЕ МАШИНА ЗА ДИШЕЊЕ ОД ПЛАСТИКА ЗА ДА ЖИВЕЕ СИНОТ – 5 ГОД УСПЕВААТ
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1