Сопственик на агенција за обезбедување ја „одрал“ УЈП за 150 000 евра


Сопственикот на Агенцијата за обезбедување „Секјурити – М.К. – Агенси“ од Прилеп ја оштетил Управата за Јавни приходи за 150 илјади евра. Криминалот го сторил со фалсификувани фактури.

Управата за финансиска полиција и Основното јавно обвинителство во Прилеп го товарат за измама, затајување и уништување на деловни книги. Заработи кривична пријава. Според предистражната постапка пријавениот  веќе 4 години, ги мамел и ги довел во заблуда одговорните лица во УЈП така што лажно прикажал и употребил сметководствената евиденција, 28 фалсификувани влезни фактури во вкупен износ од 560 илјади евра со вкалкулиран ДДВ од 18%, за наводно извршена набавка на опрема и услуги.zatvor pari

Фалсификуваните фактури, наводно биле издадени од познати фирми од Скопје и од Прилеп. Во истрагата се утврдило дека никогаш овие фирми немале деловни односи со агенцијата на пријавениот, ниту пак лично се познавале. Ги измами вработените во УЈП и на тој начин извршил неоснован поврат на ДДВ во износ од 86.000 евра.

Агенцијата за обезбедување „Секјурити – М.К. – Агенси“, по налог на нејзиниот сопственик имала направено и други малверзации со кои дополнително бил оштетен за 24.000 евра.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1