Швеѓанецот Фредрик Харен, кој моментално живее во Сингапур, ги поканил сите креативни луѓе да престојуваат на неговите приватни острови (два се блиску до Стокхолм, а еден кај Филипините), и тоа – бесплатно.
Оваа идеја му паднала на ум кога го купувал својот прв остров на Филипините, кој му служел како креативно бегство и сакал да го сподели своето искуство кога го купил останатото земјиште.
Харен ветува дека за време на вашиот престој на островот, таму нема да има ниеден друг гостин.
Оној кој ќе прифати да биде на островот, ќе може со себе да поведе пет пријатели. Звучи како одмор од соништата, нели? Само постои еден “мал трик”…
Оние кои ќе се пријават за престој на некој од овие рајски острови, треба да дадат убедлива причина зошто треба да бидат избрани токму тие и да дадат доброволен допринес во хуманитарни цели, доколку се во можност да си го дозволат тоа.
Tocka.com.mk