Српската старлета Сораја Вучелиќ доживеа непријатно искуство минатиот септември на Ивица, каде останала со долг во хотелот од 5.000 евра, за кои верувала дека ќе и ги плати господинот во чие присуство се забавувала, сознава српски Курир.
Со старлетата била и нејзината другарка Сара Трајановиќ. Сораја се договорила со неа да дојде и Сара и еден маж кој би ги платил трошоците за престој во Шпанија, но на крајот тој побегнал без да плати ниту цент. Сарлетата немала 5.000 евра, колку што излегла сметката на нивното забавување, па морала да ги моли пријателите да и помогнат.
-Сораја и Сара престојуваа во еден од најлуксузните хотели. Имале трошоци и надвор од тој хотел, а сите излегувања, ручеци и вечери наводно ги финасирал бизнисмен од странство, кој требало да го плати и сместувањето во хотелот. Меѓутоа Сораја се скарала со него, па тој, револтиран од нејзиното однесување, едно утро го напиштил хотелот. Не им се ни јавил, а на двете им оставил како знаат и умеат да си ги платат своите трошоци. Своите трошоци си ги платил. Дека се во неволја, сфатиле дури на рецепција, вели доброинформиран извор.
Тој вели дека старлетата полудела кога видела дека цохот морала да го плати од празен џеб.
-Сораја и Сара се обиделе да се извлечат со тоа дека некој ги ограбил, но тоа не им успеало, па ги фатиле телефоните и почнале да се јавуваат по пријатели да им испратат пари. Сораја им се јавила на сите по ред, ама без успех. Го повикала и своето бившо момче кое и порачало сметката да и ја плати тој кој ја носел на патување, вели изворот.
Сораја на новинарите им порачала да не пишуваат за тоа.
-Тоа не е точно, некој намерно ве лаже. Никој не требаше да ми го плати патувањето, јас сама го финасирав. Кога ќе одлучам некаде да патувам, со себе земам и пари, такви работи не може да ми се случат. немојте за тоа да пишувате, децидна била Сораја.
Нејзината пријателка Сара не им се јавувала на новинарите.