Соребет – десерт,сладолед кој не дебелее


Сорбет е брз освежувачки десерт и е достојна замена на омилениот сладолед, но со една значителна разлика што не содржи маснотии и количеството на шеќер може сами да го контролирате или пак, во потполност да го избегнете. Токму поради тоа можете да уживате во овој десерт без грижа на совест и неограничено.

sorbetСорбет, смрзнатиот десерт што се прави од свежо овошје или овошен сок и некој алкохолен пијалок е вистинска посластица на гурманите кои го конзумираат пред главното јадење за да ги прочистат непцата за вкусовите што следат.

За овој здрав освежувачки десерт потребни ви се само три состојки вода, свежо овошје и лимонов сок.

Најздравиот и наједноставниот рецепт за овој десерт што има низа од варијации е токму овој каде се потребни три состојки-свежи овошја што ги имате при рака, неколку лажици вода и малку лимонов сок.

Ние ви го препорачуваме овој рецепт:

Состојки:

– 2 банани

– 250 гр. исецкани парчиња од диња

– 250 гр. исчистена лубеница од семки

– 250 гр. исчистена и на парчиња исецкана праска

– 5 големи лажици вода

– 5 големи лажици свеж, исцеден, лимонов сок

Подготовка:

Откако овошјето ќе го исчистите и исецкате на еднакви парчиња, измешајте ги и ставете ги во голем сад. Нека бидат во замрзнувач два часа. Замрзнатото овошје ставете го во блендер, додајте вода и лимонов сок и сомелете го до посакуваната текстура, притоа внимавајте премногу да не ги измелете. Сервирајте ги веднаш во високи чаши за мартини.

Совет:

Во овој десет можете да додадете и некој омилен зачин-лаванда, цимет, жалфија, како и некоја лажица мед. Лимоновиот сок може да се замени и со вотка што на тој начин ќе добие понежна структура и полн вкус.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1