Благодарение на Горската служба за спасување и брзата интервенција на битолската полиција попладнево се спасени шест млади битолски планинари кои денеска исчезнаа на Мало езеро на Пелистер
2 од шестемина планинари при слегувањето од местото викано Мало езеро паднале и притоа се повредиле, но некако успеале да стигнат до подножјето на Пелистер. Останатите четворица планинари ги фатило паника и кога виделе дека изгубиле ориентација каде се наоѓаат се јавиле во битолската полиција и побарале помош.
Веднаш на Пелистер се упати полициски хеликоптер кој со членовите на Горската служба успеа доцна попладнево да ги извлече изгубените планинари, кои се транспортирани во битолската болница и според последните информации се чувствуваат добро.