Во рамките на активностите за одбележување на 52 годишнината од катастрофалниот земјотрес што во 1963 година го погоди Скопје, денеска во Дневниот центар за дарување крв на Црвениот крст на град Скопје, во ДХО „Даре Џамбаз“,од 9 до 17 часот, се одржува крводарителска акција.
На оваа крводарителска акција што традиционално ја организира Црвениот крст на град Скопје, граѓаните ќе може да даруваат крв и да спасат нечиј живот.