Спасов: И функционерите ќе бидат опфатени со Законот за хонорарци


Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов на денешната прес конференција, на новинарско прашање дали функционерите кои имаат приход од договор за дело или авторски договор ќе плаќаат придонеси и дали оние лица на кои им фали стаж за исполнување на услов за старосна пензија со оваа мерка ќе можат да си го докупат стажот објасни  дека мерката за воведување задолжително социјално осигурување за лицата коишто имаат приход по основ на авторски договор и договор за дело има уште еден позитивен аспект, тоа е за сите оние лица коишто не ги исполнуваат условите за старосна пензија односно немаат 15 години работен стаж.dime spasov

-Имаат можност преку авторски договор или договор за дело да си ги докупат на некој начин или да си ги одработат тие години кои што им недостасуваат за стекнување на услови за старосна пензија односно на пример доколку им фали една година, доколку бидат ангажирани со авторски договор или договор со дело  во период од една година, ќе може потоа да остварат и право  на старосна пензија што е уште еден позитивен аспект од реализацијата на оваа мерка, рече Спасов.

Тој појасни дека сите избрани и именувани лица односно носители на јавни функции коишто ќе остварат дополнителен приход, по основ на авторски договор или договор за дело исто така подлежат на задолжително плаќање на социјални придонеси за сумата којашто ја оствариле, што значи дека и избраните лица, односно функционерите се опфатени со мерката воведување во задолжително социјално осигурување на приходите стекнати по основ на авторски договор и договор за дело.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1