Сашо Мијалков добил труење во познат скопски ресторан?!


Ручекот на првиот човек на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков можел да има кобен крај, кој заедно со неколкумина биле во еден познат скопски ресторан во Капиштец, спроти фабриката „Треска“. Според анонимен граѓанин ова се случило пред 7-8 дена, а Мијалков најверојатно бил итно однесен на лекар поради труење со храна, пишува порталот Цетар њуз.
g_saso-mijalkov
Неофицијални анонимни извори на порталот посочуваат дека најверојатно станувало збор за расипано месо, кое било составен дел од неговиот ручек Според анонимниот извор, ручекот имал драматичен крај веднаш штом Мијалков почувствувал тешка мачнина. Бидејќи ниту по половина час не му било подобро, настанала паника по што обезбедувањето веднаш побарало лекарска помош.
Имено скопскиот ресторан е познат бидејќи често е посетуван од актуелните министри и пратеници, кои заедно со дипломатскиот кор во Македонија, одржуваат средби, свечени вечери и разни прослави.
Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1