132 деца мртви: Алармот не го разбудил за на училиште – Цело одделение умреле – само тој преживеал


Два дена по крвавиот масакр, светот се уште е шокиран од страшната трагедија која што се случи во Пакистан, а сведоштвата на преживеаните се нешто што никого не остава рамнодушен.

Имено, Давуд Ибрахим може само бескрајно да се заблагодарува на Бога или на некоја друга виша сила, што неговиот будилник не заѕвонил во текот на кобното утро, па на тој начин малиот ученик го преспал нападот на талибанците врз неговото училиште, во рамките на кој се убиени сите негови другарчиња од одделението. dete preziveano
Петнаесетгодишното момче сега е единствениот ученик од одделението број 9 во Државното воено училиште во Пешавар, по терористичкиот масакр во кој што биле убиени голем број на негови соученици и од останатите одделенија.

“Одделението број 9 во Државното воено училиште повеќе не постои… Давуд, 15, е единствениот преживеан”.

Преживеал и малиот Елсан и тоа  само затоа што се преправал дека е мртов, иако во неговата рака биле испукани два куршуми, додека терористите стрелале се што било пред нив во училницата, претворајќи го училиштето во базен од крв и смрт.

“Можевме да се скриеме само зад клупите и столиците. Скокнав зад една клупа и легнав на земјата. Потоа влегоа во училницата и почнаа да сеат куршуми. Видов како мојот професор паѓа на земјата, а голем дел од моите соученици веќе беа мртви, погодени во главата, градите, нозете, рацете… Делови од нивните тела летаа околу мене, а врелата крв на мојот другар заврши врз моето лице. На тој начин тие не забележаа дека јас не сум мртов. Беше страшно!”, додал преживеаниот ученик.

Приказните за хоророт кој го преживеале дечињата се се побројни, откако во јавноста се појавија и првите фотографии од нападот и внатрешноста на училиштето. Во масакрот на талибанците биле убиени вкупно 142 лица, од кои што 132 се деца.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1