Новогодишниот концерт ќе почне во 20.00 часот, а се очекува да трае до раните утрински часови. Точно на полноќ небото над Скопје ќе го осветли спектакуларен огномет.
Ќе бидат поставени големи екрани на кои сите посетители, преку СМС пораки ќе можат да ги испраќаат своите желби и честитки за што поубава и побериќетна 2013.
Претходно, за најмладите се предвидени детски театарски претстави, фотографирање со Дедо Мраз и забава со детски песни.
Скопјани ќе ги забавуваат македонските музички ѕвезди – Нокаут, Тамара Тодевска, Роберт Саздов, Тони Зен, Аделина Таири, Дани, Бени, како и познати ди-џеи.
Kurir