Македонија на 3 страни во каталонско списание – насловот е „Националниот идентитет на Македонија“


Во најновиот број на каталонското историско списание Fent història, објавен е напис посветен на нашата татковина. Се работи за авторски текст на историчарот Октави Мајорки, со наслов „Националниот идентитет на Македонија“.

Во написот од три страни, во кој што значително внимание е посветено на делото на македонскиот преродбеник Крсте Петков Мисирков, накратко е раскажана историјата на Македонија.

La-identitat-nacional-macedonia

Мајорки забележува и дел од актуелните случувања во Македонија, со ставање акцент на т.н. процес на „антиквизација“.

Не е изоставен ниту дводеценискиот спор со Грција, за кој што цитирана е Виолета Стефановска, претседател на македонската асоцијација културна куќа во Барселона. „Македонскиот случај е уникатен по природа проблем, со каков што во скорешната историја ниедна европска земја се нема соочено, Македонија мора да се бори за сопственото име и идентитет“, вели Стефановска.

Fent-historia

Во написот посебно внимание е посветено на пропагандите на соседните на Македонија земји и на нивните освојувачки аспирации, а причините за нив авторот ги пронаоѓа во „стратешкото значење на местото“ на кое што Македонија е лоцирана. За „Македонското прашање тој вели дека е „фасцинантен субјект, кој што заслужува пообемна студија“.

Сепак, и покрај странските пропаганди, околу националната посебност на Македонците, Октави Мајорки е дециден и го завршува својот напис со зборовите „сметам дека не постои никаков сомнеж што се однесува до правото на Македонците да постојат како нација.“

Александар Стеванов

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1