Специјална јавна обвинителка завршила во провалија со својот автомобил во сообраќајна несреќа која се случила попладнето на 27 декември, 2015 година, во близина на Македонски брод, дознава Нетпрес од полициски извори.
Ленче Ристоска, обвинител во Специјалното јавно обвинителство, имала сообраќајна несреќа со својот автомобил марка „рено каптур“, на 27 декември во околу 15.50 часот, кај влезот во село Требовље, во близина на Македонски брод.
Полициска екипа која извршила увид на местото на несреќата, утврдиле дека Ристовска возела на лизгав и подмрзнат тесен пат. Во еден момент таа изгубила контрола врз автомобилот и излетала од патот. Возилото завршило во плитка провалија. При падот автомобилот дури и неколкупати се превртел.
– До незгодата е дојдено како последица од излизгување на автомобилот на кривина, поради замрзнатиот коловоз, а секако возилото било управувано со брзина во граници на дозволената и брзината на движење не е причина за настанување на незгодата. Се работи за приватно возило на обвинителката, поради што сметавме дека нема потреба јавноста да биде информирана. Повикана е полиција и подготвен е записник на барање на обвинителката, а поради потребите за реализација на осигурувањето на возилото, додаваат од СЈО за А1он.