Спиел со 500 жени – најфотографираниот продавач во Мостар отвара музеј за самиот себе


Своето богато животно искуство, Сафет Беговиќ сака да го овековечи не многу необичен начин – да си отвори музеј.

72-годишниот Сафет е најфотографиран човек во Мостар, неофицијален туристички симбол градот, го снимале и за него пишувале бројни светски медиуми. Тој, има мал дуќан во близина на Стариот мост, а неговата стока ги привлекува туристите со својата оригиналност и автентичност. Но, Сафет е најпознат по тоа што пред да се ожени, како што вели, имал повеќе од 500 жени.
Safet-cin.ba_ „Емотивност, индивидуалност и оргиналност“, биле неговите карактеристики со кои, како што вели, ги привлекувал жените, особено во помладите денови, кога работел како учител. Но ја оставил сигурната работа за да го отвори малото дуќанче крај стариот мост. Тука ја запознал сопругата. Била германка која студирала на Кембриџ а во градот дошла со група британски студенти.

,, И пријдов и и кажав дека е најубавата туристка што некогаш дошла во Мостар. Веднаш знаев дека ја освоив – набрзо ја оженив,  ја облеков во народна носија за да продава со мене во дуќанчето. Многу бев заљубен во неа,, вели тој.

Кога почнала војната ја испратил сопругата во Германија. Вели дека се уште е главна актракција за фотографирање во Мостар но тоа се повеќе му оди на живци. Вели нема весник да не објавил негова слика – ги чува сите, ќе бидат дел од музејот кој планира да го отвори. Музеј за самиот себе.

Сега пишувал книга, сакал да сними документарен филм и да неправи светска изложба.

– Овој дуќан ќе го претворам во музеј. Ќе се вика „Музеј на Сафет Беговиќ“ и се надевам дека ќе биде најмалиот музеј во светот со што намеравам да го урнам Гинисовиот рекорд – вели тој.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1