Висок функционер од Министерството за внатрешни работи на Србија, вчера околу три часот наутро им го пресекол патот на колоната возила во која се наоѓал и претседателот на Србија Томислав Николиќ.
За среќа обезбедувањето спречила поголема трагедија, објавува вестинет.рс кој се повикува на извор, висок функционер од министерството за внтрешни работи. Оваа информација не е потврдена официјално.
Според порталот Николиќ требало да стигне во Крагујевац. Тој се возел со Мерцедес, а во автомобилите пред и зад него се наоѓало неговото обезбедување. порталот најавува дека ќе следат повеќе детали за оваа информација