Експедицијата на фудбалскиот клуб Манчетсер Јунајтед при патувањето на мечот од Лигата на шампионите против Баер Леверкузен, во последен момент избегнала трагедија, пишуваат медиумите во Англија.
– Слетавме! Само што сега треба да се соземеме од непријатното доживување, напишал Рио Фердинанд на неговиот Твитер профил.
Дел од коментарите на другите патници биле дека искуството е застрашувачко.
Интернет изданието на „Дејли меил“ нагласува дека тренерот на англискиот шампион Дејвис Мојс на прес-конференцијата се појавил насмеан и изјавил дека инцидентот нема да остави последици по играта на неговите избраници.
На 6 февруари 1958 во авионска несреќа во Минхен при враќање од натпреварот со Црвена Ѕвезда, загинаа поголем број фудбалери од тимот на Манчестер Јунајтед.