Спреј против самоубиство?!?


На секои 80 минути, по еден американски воен ветеран си го одзема животот, а психолозите веќе говорат за т.н епидемија на самоубиства. Американската војска, во обид да ја спречи оваа “епидемија“, одобри три милиони долари за истражувања.


Професор по неуробиологија, Мајкл Кубик, се обидува да направи спреј за нос, кој би ги спречувал војниците да извршат самоубиство.
“Спрејот на надежта” би требало да делува на процесите во мозокот, односно, да ги запре состојбите, т.е. мислите кои резултираат со самоубиствени  идеи, депресија и биполарно однесување.
Понатамошното истражување ќе покаже дали еден ваков спреј може да спаси многу животи, но научниците се свесни дека ова не може да биде единственото решение.
Американскиот секретар за одбрана Леон Панет, неодамна испрати допис до највисоките воени и цивилни лица во САД, во кој се наведува дека самоубиствата, претставуваат еден од најкомплексните проблеми со кој се соочува Министерството за одбрана.

Share Button

Tags: , ,

Сања Трајковска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1