И попови стануваат политичари – ќе се формира руска православна партија


Групите “Автократска Русија” и “Унија на православните граѓани“, планираат да  регистрираат “православна“ парија, објави  рускиот весник ” Известија“.


Основачите на организацијата велат дека тие ја гледаат  Русија како монархија, во која  посебна улога би имала Руската православна црква, а москвовскиот како и Патријархот  на цела Русија како духовен лидер на земјата.
-Регистираме  партија која ќе се бори за заживување на Русија и на традициите на нашата земја, кои се изгубени по криминалниот пуч на болшевиците, изјави лидерот на “Автократска Русија“ Дмитриј Меркулов, кој додаде дека Руската Православна Црква е клуч за постоењето на државата.

Според него, Русија треба повторно да се обедини со своите канонски територии, првенствено со Белорусија и Украина, по што треба да избере павославен монарх кој ќе управува со земјата и ќе ја врати нејзината претходна големина.
Валентин Лебедев, претседател на Унијата на православните граѓани, изјави дека Руската православна црква сега се под жесток напад, бидејќи таа претставува “последен столб на руската државност, култура и традиција.”
Од секогаш било познато дека, најчесто, власта и црквата одат заедно, рака под рака. Останува да видиме дали во Русија ќе биде така во буквална смисла на зборот.

Share Button

Tags: , , ,

Сања Трајковска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1