СПРЕМАЈТЕ ПАРИ: Пак граѓаните ќе плаќаат за новите возачки дозволи со чип


Возачите повторно ќе мораат да вадат нови возачки дозволи, кои овој пат ќе имаат и вграден чип. Оваа новина ќе стартува од април 2017 година, но засега најавите се дека нема да биде обврзувачка за сите возачи. Нови дозволи ќе добијат оние кои првпат ќе аплицираат за ваков документ или доколку ги изгубат исправите. Сите други возачи ќе можат да ги заменат возачките дозволи по истекот на нивната важност. Колкава ќе биде цената за замена на старите со нов возачки дозволи – дополнително ќе се утврдува.vozacka-dozvola-1a

Од МВР објаснуваат дека новите возачки дозволи се воведуваат поради олеснување на процедурите не само при впишување на казнените поени за возачите, туку и при изрекувањето забрани за возење и при полагањето за различни категории на дозволи. Па така, оние возачи кои место да платат парична казна, ќе се согласат да им бидат впишани казнени поени, сега тоа ќе се прави по автоматизам на лице место. Нема потреба веќе да се минува низ сложена процедура за впишување на казните, бидејќи тие ќе бидат забележани во чипот. Ќе се упрости и постапката при изрекување забрана за користење на возачката дозвола во период од неколку месеци. Сега возачите мораат да вадат нови дозволи, при истекот на забраната. Со новите возачки дозволи, ваквата строга казна ќе се впишува во чипот. Во него ќе бидат внесувани и дополнителните дозволи за различни категории за кои може да полагаат возачите.

Ова се дел од измените кои се предвидени од МВР, кое изготви нов закон за безбедност. Во него се предвидени два типа на казни, мандатни, кои се плаќаат во целост, и прекршочни кај кои има можност за плаќање на половината од сумата. Санкциите се поостри за прекршоците поврзани со алкохолот, брзото возење, неносењето појас и зборувањето на мобилен телефон. Измени има во повеќе сегменти од сообраќајот, па така автошколите ќе мора да инсталираат камери за да се следи обуката.

Со новиот предлог-закон за безбедност на сообраќајот на патиштата се предвидени нови сообраќајни прекршоци и построги казни. Една од измените е доколку во предвидениот рок не се плати определената глоба или за еден месец ден не се запишат негативните поени во возачката книшка, тогаш налогот веднаш оди на извршување во УЈП. Најкарактеристични случаи за кои е предвиден мандатен платен налог е брзото возење, возење под дејство на алкохол и непрописно паркирање и запирање. За надминување на дозволената брзина се зголемува казната и може да достигне до 500 евра или 65 негативни бодови и заштитна мерка забрана за управување со возило од 6 до 12 месеци. Освен поголеми казни и помало дозволено присуство на алкохол, новина е тоа што е предвидено лицата да можат да бидат задржани во Полициска станица се’ до нивно отрезнување, а најмногу до 12 часа.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1