Србија херметички ќе ја затвори границата со Македонија доколку тргне мигрантскиот бран


Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, нареди Армијата, полицијата и Агенцијата за безбедност и информации на Србија херметички да ја затворат границата кон Македонија доколку дојде до наплив на мигранти кои со денови од турската страна се обидуваат да влезат во Грција, пишува српски „Блиц“ повикувајќи се на потрвда од српскиот врв.

Вучиќ превентивно се определил за тоа, имајќи ја предвид националната безбедност, но е сигурен дека Србија доколку има потреба ќе може да ја заштити својата територија.

Повеќе од 130.000 мигранти моментно се на турско-грчката граница, а Србија доколку има потреба ќе може да ги заштити своите граници и територија од мигрантите и ќе биде водена единствено од националната безбедност и безбедносните интереси, изјави вчера српскиот претседател Александар Вучиќ. .

Тој истакна дека српските служби ги добиваат сите важни информации и ќе донесат одлуки според ситуацијата.

Ако има потреба да се заштитат и зачуваат границите, тоа ќе го сториме на ефикасен начин. Овој пат нема да чекам одговори од ЕУ, но ќе дејствуваме апсолутно и исклучиво во интерес на нашата безбедност . Граѓаните не треба да бидат загрижени затоа што Србија има доволно капацитет и сила да се заштити. Ќе разгледаме и како реагира ЕУ. Отсекогаш сме покажувале солидарност со сите оние кои бегале од воени зони и не сакаме да се однесуваме нехумано, но ќе мораме да ја зачуваме безбедноста на граѓаните на Србија. Србија нема да дозволи да стане паркинг за мигрантите. Ако некој смета дека Србија треба да стане паркинг, ќе покажеме дека тоа нема да се случи на јасен, недвосмислен начин нашите државни тела нема да дозволат влез во Србија на оние лица за кои сметаме дека би можеле да ја загрозат безбедноста и сигурноста на земјата, рече Вучиќ.

Во исто време, премиерката Ана Брнабиќ најави владина седница за мигрантската криза.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1