Поплавите во Србија ја земаа и втората жртва. Четириесет и две годишниот пожарникар Д.Л. утрово исчезнал за време на спасувачка акција во водите на реката Јасеница.
Утрово во поплавите се удави еден човек во Белград. Тој се удавил откако не ги почитувал советите од надлежни органи кои барале од него да се евакуира од куќата.
Во цела Србија поради поплавите е прогласена вонредна состојба во 19 општини, а затворени се и повеќе автопати и локални патишта. Најтешка е ситуацијата во Ваљево, каде се излеа реката Колубара. Во Ваљево синоќа се евакуирани две населби со вкупно 400 домови. До раните утрински часови од градот бил прооден само еден пат, а се стравува дека во текот на денот и тој ќе биде прекинат за сообраќај.
За сериозноста на ситуацијата во Србија сведочат овие видеа кои се снимени на различни места низ државата.