Страотно: Мајка и бебе чекаат спас на покрив – реката однесе мост – Поплави во Босна (Видео)


Непосредно покрај реката Босна во градот Маглај се наоѓа куќа во која е заглавено семејство со мало бебе. Бебето има само неколку месеци, а родителите од изутрината бараат помош, пишува порталот klix.ba.

maglaj1Мирсада Карабеговиќ, мајката на бебето, за порталот изјавила дека таа и нејзиниот сопруг цел ден се бора со поплавите. Со бебето се наоѓаат на покривот од куќата во центарот на Маглај.

-Чекаме хеликоптер, но тој никако да дојде. Им мавтаме со крпи, алишта, но ништо. Хеликоптерот ќе дојде и ќе помине, како да не не гледа. Мажот и понатаму е на покривот…Помогнете ни ве молам, кажете им дека сме овде. Бебето веќе не може да издржи, изјави Мирсада.

Куќата на ова семејство е веднаш до реката, во близина на католичката црква.

mostbihПо обилните дождови и поплавите кои се појавија во Босна и Херцеговина, следува нова катастрофа – надојдената река руши цели мостови!

Ситуацијата во БиХ е драматична, затоа што реката тече низ градовите, додека беспомошните граѓани на крововите од своите куќи чекаат спас. Посебно критична е состојбата во Завидовиќи, каде реката однесе цел мост со себе, а конструкцијата потоа однесе уште еден мост.

Ужасното невреме во Европа предизвика непогоди и во други соседни земи. Во Србија е прогласена вонредна состојба поради поплавите, а во Хрватска за денеска е најавено невреме во црвена и жолта фаза.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1