Србија крати плати Македонија зголемува


Србија ќе ги крати платите и пензиите. Со ребалансот на буџетот кој најдоцна  до 15 септемрви треба да се најде во собранието, србската влада  за 10 отсто ќе ги крати платите во јавната администрација и пензиите. За останатите мерки  кои ќе се воведат за спас на државаната каса ќе се знае кон средината на септември.

pariЗа спроведените реформи владата на Србија доби подршка и од економските и банкарите. Сметаат дека ако не се спроведат, Србија ја чека слично сценарио како Грција. Банкарите пак  ветија повеќе кредити за стопанството.

Додека во Србија се крати на примањата на граѓаните , во Македонија платите и пензиите ќе растат. Вчера и првиот финансиер Ставревски  изјави дека во октомври,  покачување ќе добијат вработените во јавната администрација, а догодина ново зголемување ќе има и кај пензиите.

Деновиве Србија објави дека ќе ги намалува платите и пензиите за 10 отсто.Португалија истото го направи. Даноци на пензии се воведуваат во некои земји. Ние сме далеку од тоа. Со здравите економски политики ќе успееме не само да не дојде до такви ситуации, туку и да го реализираме она што е ветено кон граѓаните, а тоа е зголемување на платите во јавниот сектор оваа година, почнувајќи со платата за месец октомври, изјави министерот Ставрески и најави и ново покачување на пензиите за следната година.

Тој рече дека во време кога во повеќе земји се воведуваат мерки  кој дирекно го намалуваат стандардот на граѓаните, Македонија успеа да се справи со притисоците од кризата и да ги зголеми примањата кои се финансираат од буџетот.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1