Србија плаче по малата Анастасија – закопајте ме во фустан со срценце, барало ангелчето


Србија е завиена во болка и тага по смртта на малата Анастасија Трајковиќ која водеше битка со тешка болест. малата Анастасија почина од редок облик на тумор, а за неа цел Балкан се крена на нозе.

anastasija-trajkovic-1396991854-476195trh46u5u5rer– Тато немој да плачеш. Си одам некаде во некоја нова куќа. Таму ќе ме чекаат другарките и нови луѓе, а јас конечно ќе се одморам, биле последните зборови на малото ангелче кое го зави Балканот во црно.

Нејзините родители за српскиот Курир велат дека знаеле дека веќе нема надеж. И малата убавица чуствувала дека ќе почине. Рекла дека сака да биде погребана во убаво фустанче со срциња, па нејзиниот татко го пребарал цел град за да и најде такво.

Пред да почине малата Анастасија не сакала да се одвои од семејството, и велела на мајката, мамо јас умирам не ме давај, и цврсто ја стегала нејзината рака.

– Не сакаше да се одвои од нас. Постојано велеше седете тука, дајте ми рака. Постојано велеше колу е часот, како да ги одбројуваше минутите, вели таткото кој е скршен од болка.

Мајката на малата Анастасија е очајна, а нејзините сестри се скршени од болка и не моажат да се соочат со тоа дека неа ја нема.

Таткото гневен најави тужби за лекарите, според него ненавремената грижа за девојчето и доцното поставување на дијагнозата довеле до тоа да за Анастасија нема лек. Иако Балканот се крена на нозе и собра пари спас немаше за малото ангелче ниту во Прага каде отиде на лекување, бидејќи туморот веќе бил во напредна фаза.

 

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1