Србија се закани: Ако треба и војска ќе распоредиме кон Унгарија – нема враќање на бегалците


Србија ќе ги прими назад оние луѓе кои се однесуваат на процесот на реадмисијата, но тоа не се однесува на најголемиот дел од бегалците кои илегално преминале од Србија во Унгарија. Ова вечерва го изјави државниот секретар во Министерството за труд, вработување, боречки и социјални прашања Ненад Иванишевиќ.meta srbija

-Ние никого нема да примиме. Се знае што е реадмисија. И според реадмисија ќе ги примаме самот тие луѓето, кои со овој процес се опфатени. Сите што преминаа во Унгарија, нема да ги примаме назад, ако треба и по цена Србија војска да  испрати на границата. Нема да го прифатиме тој број на луѓе кои се враќаат од Унгарија. Тоа од денеска е наш став, и би било добро сите да го знаат, рече Иванишевиќ.

Тој прецизираше дека спогодбата за реадмисија јасно прецизира како тоа се спроведува по меѓународното право.
-Се врши со утврдување на потеклото на земјата од каде пристигнале и пред се земјата чии државјанства имаат. Значи, доколку сакаат да ги вратат бегалците, ќе мора да ги вратат во Грција. Тоа е првата земја на влез во Европската Унија, рече тој.bura-od-migranti-630x315

Прашан како Србија ќе спречи враќање на бегалците, Иванишевиќ рече дека ако треба, државата ќе ги преземе сите мерки тоа што треба да ги преземе.
Унгарија од вечерва е целосно блокирана на границата со Србија со намера да спречи влез на бегалците на нејзината територија.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1