Србија: Три лекови од канабис во легална продажба


На трошок на Фондот за здравствено осигурување, болните во Србија  ќе може да ги добијат трите лекови на база на канабис, открива “Blic.rs”kanabis lek

 

Употребата на марихуаната во медицински цели сега е и официјално легализирана во Србија. Лековите кои може да се користат за болните од рак, содржат природни, но и синтетички тетрахидроканабиол, познат како THC.  Дронабинол ќе се користи за лекување на појавата со која се губи тежина кај HIV и AIDS пациентите.  Ќе се препишува и на болните по хемотерапија.

Набилон е синтетичка супстанца слична на THC и ќе се применува за лекување на мачнини и повракања кај пациентите на хемотерапија.

Сативекс  е во облик на спреј и содржи природен THC и на болните од мултиплекс склероза ќе го ублажува стегањето на мускули со помош на терапија.

Лекарите од различни специјалности ќе учествуваат во одредување на индикациите за примена на овие лекови и ќе ги достават до Министерството за здравје. Ќе биде формиран список на лекари кои ќе бидат овластени да ги пропишуваат лековите. Тие ќе добијат сертификат за оваа работа, соопштуваат од Министерството за здравство во Србија.

Комисијата донесе заклучок да не се легализира маслото од канабис. Еден од аргументите е што не е дефиниран стандардниот состав за производство на тоа масло.

“Blic.rs” увидувајќи го заклучокот на Комисијата за легализација на марихуаната за медицински цели, увидел дека меѓународно регистрираните лекови кои содржат природни или хемиски ТHC имаат улога во терапијата на тешко болните, особено мултиплекс склероза. Меѓународните публикации покажале дека овој препарат не ја лечи болеста, но ги ублажува симптомите и ја подобрува состојбата на пациентите.  Слично дејство имаат и препаратите на база на канабис.  Бидејќи е поднесено барање за регистрација на наведените лекови, Агенцијата за лекови и медицински средства, во аптеките ке ги достават кон средината на годината. Комисијата на Министерството за здравство доставила список на регистрирани лекови на база на канабис во светот.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1