Со измените на Законот за заштита на населението од изложеноста на чад од тутун во 2016-тата година ќе биде воведена целосна забрана за пушење на јавните места, јавуваат српските медиуми.
Според медиумите, секој агол во кафулињата и рестораните ќе биде непушачки, а пушењето ќе биде дозволено само во летните бавчи.
Пушачите нема да може да ги користат ниту посебните простории со вентилација што сега постојат во голем број кафулиња и трговски центри, наведува српски „Блиц“.
Инаку во сегашното законско решение направена е отстапка за угостителските објекти, па пушењето е дозволено во локалите што се поголеми од 80 квадратни метри и во кои сопствениците може да одредат најмалку 50 отсто од просторот каде пушењето е дозволено.
Се предвидува целосна забрана за пушење на сите работни и јавни места… Направивме некои мали отстапки. Така во психијатарските установи, социјалните објекти и затворите пушењето ќе биде дозволено во посебни простории, со тоа што таму ќе смеат да пушат пациентите и затворениците, но не и вработените, вели претседателката на Републичката стручна комисија за превенција од пушење при Министерството за здравство, Срмена Крстев.
Освен тоа, со новото законско решение се предвидува забрана за производство на слим цигари со ментол вкус, а ќе биде воведена и построга контрола на електронските цигари.