Милорад Михаил Тркуља, кој живее во Мелбурн на еден портал е наведен како криминалец. Бидејќи големите пребарувачи не сакале да го тргнат порталот од листата, Милорад решил да ги тужи.
Ги тужел и Google и Yahoo, бидејќи неговото име на еден австралиски портал се појавило меѓу имињата на десет најголеми криминалци во Австралија.
Порталот не го тргнал неговото име, па побарал пребарувачите да го отстранат порталот – не се одзвале па поради тоа Милорад решил да ја бара правдата по судски пат.
Врховниот суд во Мелбурн му пресудил на Yahoo, дека поради навреда мора да плати 300 000 долари, а Милорад решил да води битка и со google и вели дека ќе ја победи битката со компанијата.
“Не може никој да објави ништо не само за мене него за било кој, поради тоа и ги тужев, иако се они големи и богати, изјавил поранешниот естраден менаџер којн се изјаснил дека е Југословен.
Инаку тој пред 40 години ја напуштил Бања Лука, а во Австралија го поврзуваа со криминалното подземје и неговите контакти со сомнителни лица.